17.8 C
Skopje
Thursday, October 23, 2025

(Видео) Кемал Муриќ за ОРА24.ТВ: Поради заканата на Данела Арсовска, заедно со семејството ќе ја напуштиме Македонија

„Целото семејство. Моите деца и сопругата, целото наше семејство решивме да си заминеме. Затоа што јас бев водач на протестите на приватните превозници, Данела Арсовска им се закани на моите колеги да не смеат да работат со мене. Ќе работам како возач на урбан автобус во градот Визбаден, Германија“, изјави Кемал Муриќ, кој 30 години работеше во една од приватните транспортни компании на Град Скопје „Слобода превоз“ во интервју за Ora24.tv и Алмакос.ком .

Според него, Арсовска им се заканувала на приватните превозници да го исклучат од соработка автобусот на неговиот брат, само затоа што тој бил предводник на протестите на приватните превозници пред две години, поради долгот на Град Скопје.

„Во текот на преговорите и разговорите со неа (Данела Арсовска) имаше директни закани од нејзина страна дека правното лице и автобусот кој е во сопственост на мојот брат Кенан Муриќ, кој живее на друга адреса според личната карта, но како кажав, и јас, вработен во управата на „Слобода превоз“, ви давам опомена дека ако тоа правно лице и автобусот се појават во документацијата со вашите документи, нема да добиете ништо, ќе останете на улица“, изјави Муриќ.

Тој вели дека овие закани на Арсовка биле пренесени усно на неговите колеги.

„Во пицерија во Автокоманда, транспортерите од „Јофи бус“ во март 2023 година ми рекоа дека така стојат работите и заканата е од Данела Арсовска. Многу ни е жал, но не можеме да ве примиме. Им викам, сега и вие треба да ме разберете. Знаете дека автобусот е на брат ми, родител на три малолетни деца. Реков, како може тоа да биде? Зошто? Ајде и ние да учествуваме. Нека даде писмено објаснување зошто одбива, меѓутоа не, тоа е лична закана што директно ми ја пренесе господинот Јовица Зафировски, директор на „Јофи бус“ во присуство на уште 10-12 членови на УО, рече Кемал Муриќ во интервјуто.

Муриќ додаде дека на неговиот брат не му е платен долгот што Градот Скопје го има кон приватните превозници додека случајот е во судска постапка. Според Муриќ, неговиот брат е колатерална штета бидејќи немал никаква вина и никаква врска со организирањето на протестите./Ora24.tv

Целото интервју:

Lajme të ngjajshme

PËRGJIGJU

Ju lutemi shkruani komentin tuaj!
Ju lutem shkruani emrin tuaj këtu

Lajmet e fundit